Совршени се и кога ќе ги извадите од рерна и кога ќе се изладат.
Во сезоната на домати, секоја домаќинка има неколку рецепти кои го користат овој зеленчук. Доколку сте љубители на италијанската кујна и немате големо искуство во готвењето, ви предлагаме да направите брускети со домати и сирење.
Овој лесен летен специјалитет можете да го послужите за појадок или за вечера, како и да го збогатите со пршута и сирење, а потоа со босилек или други билки – се во зависност од тоа што сакате да јадете.
Пред да започнете со подготовка на брускетите, вклучете ја рерната на 250 степени – потребно е да е жешка кога ќе ја ставите тавата со брускетите, за што поскоро да бидат готови.
Состојки:
– 8 кришки леб
– 50 гр.путер
– 2 поголеми домати
– 150 гр. полномасно сирење
– малку свежи листови магдонос
– лажица маслиново масло или босилек
– 100 гр. кашкавал (по желба)
Подготовка:
Парчињата леб премачкајте ги со путер, па наредете ги во тавче обложено со хартија за печење. Измијте ги доматите, па исечете ги или на кришки или на парчиња и ставете ги на кришките леб, па веднаш посипете ги со маслиново масло.
Путерот ќе обезбеди крцкавост на брускетите, а доматите попрскани со маслиново масло ќе обезбедат сочност.