Рецепт на денот: Домашни кроасани со Нутела

Совршен и брз десерт за љубителите на Нутела.

Потребни состојки:

  • 1 пакување лиснато тесто од 500 грама

  • 200 грама Нутела

Начин на подготовка:

Оставете го лиснатото тесто целосно да се одмрзне, а потоа растегнете го колку што е можно повеќе во облик на коцка и исецкајте го на еднакви делови. Во средината од лиснатото тесто додадете една мала лажичка Нутела и потоа во форма на ролна, затворете го тестото околу кремот. Продолжите да го правите тоа сè додека не ви се потроши тестото.

Подготвените кроасани сместете ги во претходно згреана рерна на 200 степени и оставете ги да се печат околу 15 минути, односно додека тестото не добие златна боја. Добар апетит!

Бонус совет:

Лиснатото тесто можете да го исечете во каков било облик, со цел да добиете различни форми. Исто така во лиснатото тесто можете да ставите и друг вид крем. Доколку сакате да добиете пожолта боја на кроасаните, на половина време од печењето премачкајте ги со жолчка од јајце и малку вода. Кроасаните се служат топли, а по ваш избор можете да ги декорирате и со чоколадни трошки.