Ребека побара поддршка од јавноста: Конвенцијата за правата на лицата со попреченост во нашата земја не се почитува

Нашата позната пејачка Ребека Јанковска Ристески, која е мајка на три деца, од кои едно е лице со попреченост, е една од најгласните активистки за поголеми права на оваа категорија на лица. Овој пат се огласи на социјалните мрежи каде побара поддршка од јавноста. 

-Ви се обраќам пред,се како мајка,а потоа како активист и борец за правата на лицата со попреченост. Деновиве неколку представници на здруженија, родители, лица со попреченост под името Коалиција Менуваме се здруживме и излеговме на протест. Имаме многу барања кои по кој знае кој пат ги доставивме до Влада На РС Македонија, политичари и пратеници. Се сретнавме со владини представници и со Министерката при МТСП Шахпаска. Од страна на владините представници беше побарано да издвоиме неколку приоритетни барања (иако сите се со години приоритетни за нас) и да почекаме 7 работни дена за одговор дали нашите барања ќе бидат прифатени. Потребна ни е подршка од сите граѓани. Потребни сте ни вие,спортистите,гордоста наша Македонска во целата оваа долгогодишна и макотрпна борба за остварување на правата на лицата со попреченост. Потребни се поддршката ваша и поддршката на Светските спортски имиња заради подигнување на свесноста. Сакаме целиот свет да знае дека ние сме обесправени и дека Конвенцијата за правата на лицата со попреченост во нашата земја не се почитува иако е ратификувана и потпишана.

Затоа ве молиме нашите транспаренти ЗА ПОВЕЌЕ ПРАВА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ!!! ВЕ МОЛИ МАКЕДОНИЈА Да ги испринтате на А4 формат или со маркер на Македонски јазик или Англиски јазик и да се фотографирате со нив и споделите со Вашите колеги,спортисти од регионот и целиот Свет. Фотографиите да ги споделите, објавите и на тој начин да покажете дека и вие сте со нас и не поддржувате, напиша Ребека порачувајќи дека се надева на поддршка затоа што, како што кажа, заедно сме посилни.