Реализиран проектот „Младите креатори на нашата иднина 2022“ во Катлановска Бања

Републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Тга за Југ,“ го органиризааа проектот ,„Младите креатори на нашата иднина 2022,“ во просториите на Катлановска Бања.

На манифестацијата младите учествуваа во културните изведби на теми поврзани со Граѓанската војна во Грција ( 1946 -1949), а на настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски. Исто така, присутен беше и претседателот на Советот на Општина Петровец Блаже Никчевски како и председатели и претставници од повеќе здруженија.

Секако во голем број беа присутни и младинци од неколку градови од Македонија.

Од организаторот на оваа манифестација Евгенија Николовска на градоначалникот Борче Митевски му беше врачена благодарница за учество во проектот.

Воедно пред споменплочата на ранетите и починатите Македонци и Грци борци на ДАГ кои се лекуваа во болницата во Катлановска Бања од 1947-1948 година градоначалникот Борче Митевски со претставници од Општина Петровец и претставници од останатите здруженија положија свежо цвеќе.