Реакции на песната на Антониа и Пајак: Чиста десетка, ремек-дело, одличен дует (видео)

Македонската пејачка Антониа Гиговска ги изненади сите со веста дека е бремена и дека ќе се венча, по што вчера промовираше нова песна во соработка со Пајак, а веднаш пристигнаа голем број реакции од фановите.

„Хабиби“ стана популарна во Македонија, но и во Србија и за еден ден доби над 209.000 прегледи на Јутјуб.

- Браво браќа Македонци, пишува еден корисник од Србија.

- Браво прекрасна песна, одличен дует, пишува друг обожавател.

- Повторно сме горди Македонци, ова е ремек-дело, коментира друг фан.

- Чиста десетка, е уште еден од големиот број коментари.