Разговараме со Хусеин Хуска, еден од најпопуларните бербери во Скопје: На две локации во Скопје, муштериите, квалитетната и брза услуга секогаш се во прв план!

Во раздижениот град Скопје, каде стилот и елеганцијата се во прав, едно од берберските имиња се искачи во првите редови на фризерската индустрија, како бербер и професионалец ги освои срцата на своите муштерии.  Хусеин Хуска или помеѓу граѓаните познат како „Попај“ е еден од најпопуларните бербери во градот, сопственик и предводник на тимот во два берберски салони кои го носат токму ова име.

Лоциран на две локации, во трговскиот центар „Беверли Хилс“ и „Порта Влае“, Хуска освен што има талент и занает за пострижување, тој е страстен филантроп, посветен на позитивно влијание врз животите на другите преку чести чинови на донирање и добра волја. Со клиентела која доаѓа од различни делови на градот, двата салони на „Попај“ станаа интересна локација за оние кои бараат не само модерни фризури, туку и одлична атмосфера, добра и брза услуга и пријатна дружба. 

Во денешниот разговор со Попај разговараме за тоа како се станува фризерски маестро во Скопје, за мотивацијата за работа, односот со клиенти и филантропските потфати. Во разговорот ги откриваме животните предизвици на креативниот гениј кој не само што ги разубавува скопјани, туку и преку дела на љубезност и великодушност внесува среќа во нивните животи. 

На почетокот на разговорот помалку скромно вели дека популарноста во оваа работа се достигнува со само професионалност,  многу труд, љубов кон работата и додава дека никогаш не се стремел да биде популарен, напротив секогаш сакал да биде најдобар во тоа што го прави. Нагласува дека тајната на успешното работење е посветеноста, трудот и одличната екипа со која работиш, но за да го постигнеш тоа треба многу време.

„Ништо во животот, па ни успехот на професионален план не се постигнува преку ноќ. Бара напорна работа, труд и посветеност“, дециден е Попај.

Љубовта кон професијата ја добил од неговиот татко и дедо, кој го насочиле да работи и да биде „еснаф“, а од нивната насока тој одбрал да биде токму бербер.

Го прашавме колку е тешко секојдневно да се работи со луѓе, а имајќи предвид дека „Попај“ се наоѓа на две локации во главниот град, таа бројка сигурно е голема.

„Не би се согласил дека е тешко. Напротив, во оваа професија луѓето ни се во прв план и без нив не би можеле ништо. Колку подобро се знаеме со луѓето, толку подобро е чувството кога ќе дојде некој да се шиша“, одговара Попај.

За поврзаноста со луѓето, општествената одговорност и одговорноста кон средината која работат говори и фактот дека секоја сабота во „Попај“ бесплатно се пострижуваат и дечињата од Домот за деца без родители „25 мај“ кои се дел од нивната листа на пријатели и дел од нивниот семејство на задоволни клиенти.

Во разговорот суптилно и скромно открива дека го погодуваат човечки судбини и секогаш кога има можност помага и донира за тие на кои име најпотребно.

„Освен бесплатната услуга која ја добиваат дечињата од домот за деца без родители, се случува кога има повик за хуманитарна помош или друга поддршка, да одлучиме целиот промет во одреден временски период да го донираме за таа цел. Така при поплавите кои пред неколку години го зафатија Скопје, речиси прометот од цела недела го дониравме за семејства кои беа погодени од невремето“, открива Попај.

Во работата се случуваат и непланирани настани, неочекувани реакции на луѓето, но Попај вели дека досега не случило некоја катастрофална грешка при пострижување на некој од клиентите и на прашањето за тоа колкава е бројката на луѓе кои дневно седнуваат на берберскиот стол, тој додава дека лично не се оптеретува со бројки, напротив најважно е за него клиентите да добијат брз, навремена и квалитетна услуга и бидат задоволни од таа услуга.

На крајот вели дека тој и неговиот тим ги очекуваат скопјани, секој работен ден на двете локации во „Беверли Хилс“ и во „Порта Влае“, а ние решивме разговорот да го завршиме со негова порака до младите за кои тој вели дека неопходно е да знаат дека успехот во животот се стекнува со многу работат, затоа мора да бидат упорни, да не се откажуваат, да работат со љубов и да го сакаат тоа што го прават. „Тоа е тајната на успехот“, заклучува Хусеин Хуска, познат помеѓу скопјани како „Попај“: