Разбеснета група нападнале човек, а потоа и полицајците кои интевенирале

На 22.09.2021 околу 17.15 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош биле попречувани од повеќе лица при извршување службани дејствија по претходна пријава од М.М.(53) од Скопје дека дел од овие лица физички го нападнале.

Тие фрлале со тврди предмети кон полициските службеници, при што повредиле двајца од нив, а оштетиле и три службени возила. Во врска со настанот биле приведени три лица, а се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот.