Расте потрошувачката на заштитни маски поради загадениот воздух

Загадениот воздух драстично ја зголеми побарувачката  на маски. Аптеките секоја годинава продаваат се повеќе маски.

Од таму велат дека граѓаните и претходно ги барале но не во толку големи количини. Дневно во просек се купуваат  од 50 до 100 парчиња. Најмногу ги користат  пензионерите.

Граѓаните велат дека  стравуваат од високата загаденост  на воздухот. Од дома не излегуваат без маска.  Не очекуваат дека таа целосно ќе ги заштити од штетните честички во воздухот , но велат дека  колку толку за нив се некаква превентива.

Според податоците, Македонија ја има петтата најголема стапка на смртност во Европа од загаден воздух. Како причина се наведуваат домачинставта кои се греат на дрво и поради тоа државата донесе поволности за купување на пелети. Ова е само една мерка  за заштита од загаденост, а се работи и на процесот  за целосно гасифицирање на земјава.