Раста, Петар Грашо, Жељко Самарџиќ...доаѓаат на „Мандра“ во Дојран

Од 31. јули до 1. август македонскиот туристички бренд ќе живее во духот на музичкиот фестивал „Мандра“. 

Фестивалот ќе се одржи во Стар Дојран на паркингот Гранит, а публиката ќе има можност да се забавува со најдоброто од Балканската музичка сцена, велат организаторите. 

На првата фестивалска вечер настапуваат Петар Грашо, Пајак и Адил, додека, на  втората фестивалска вечер, поточно на први август, доаѓа најпопуларниот рапер на Балканот - Раста. Освен него забава ќе понудат и Лука и Тракер, Жељко Самарџиќ и Блу Бенд. 

Водител на дводневното фестивалско шоу ќе биде легендарниот Миро Кацаров.  

Цена на влезница за една вечер e 300 денари, додека блок влезница за две фестивалски вечери 500 денари.