Распродажба на запленети возила во УЈП: Се нудат автомобили, камиони, булдожери…

Управата за јавни приходи на јавна аукција и во слободна комерцијална продажба закажани за 30 септември, годинава ќе понуди повеќе патнички и товарни возила, булдожери и други градежни машини запленети по основ на неплатени даночни набавки.

На продажба се нудат машини за производство на сокови и обработка на зеленчук, глодарки за асфалт и други.