
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски сподели дека денеска темелно била исчистена улицата „50“, при што биле расчистени неколку диви депонии долж улицата.
„Општинските работници се секојдневно на терен и изминатите денови расчистивме неколку помали диви депонии, посочи Костовски.
Тој порача дека отпадот се фрла во канта или контејнер, не на јавни површини и апелираше до сите граѓани да ја чуваат средината и да не се создаваат депонии.
„Да ја чуваме општина Бутел заедно и да се однесуваме одговорно!“, порача градоначалникот.