Расчистени диви продавачи од булеварот „Трета македонска бригада“

Инспекторат на град Скопје во соработка со инспекциските служби на Државниот пазарен инспекторат и асистенција од МВР, денеска на булеварот Трета македонска бригада“спроведоа акција за ослободување на јавниот простор што се узурпира од т.н. „диви продавачи“. За краток временски рок, дивите продавачи беа расчистени, а јавниот простор ослободен за непречено движење на пешаците и велосипедистите.

Градот Скопје нема да го толерира узурпирањето на јавниот простор од групи и поединци, простор кој е наменет за слободното движење на граѓаните и ќе продолжи да дејствува во насока на спречување на оваа појава, во согласност на своите законски надлежности и ингеренции.