Расчистена тешка кражба во Скопје, следуваат пријави против две лица

На 16.06.2021 во 22.20 часот на ул.„Нов живот“, полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Шуто Оризари го лишиле од слобода А.Г.(20) од Скопје, поради сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба“.

Во врска со истиот настан, односно поради откупување предмети од пријавена „тешка кражба“, во 23.45 во Полициското одделение Шуто Оризари на разговор бил повикан Ф.О.(39) од Скопје.

Украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетениот.

По целосно документирање на случајот, против А.Г. ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик – „тешка кражба“, додека против Ф.О. ќе биде поднесена кривична пријава по член 261 од Кривичниот законик за „прикривање“.