
Жителите на село Ракотинци, верниците и сите луѓе со добра волја се поканети да бидат дел од прославата на големиот христијански празник Свети пророк Илија – Илинден, која ќе се одржи во манастирот „Свети Илија“.
Празничната програма започнува на 1 август (сабота) во 20:00 часот со заедничка вечера во манастирскиот комплекс, наменета за дружење, негување на традицијата и подготовка за големиот празник.
На 2 август (недела), со почеток во 07:00 часот, ќе се служи Света божествена литургија, а од 13:00 часот ќе биде организиран празничен ручек за сите присутни верници и гости.
Организаторите упатуваат порака дека прославата е можност за заедничко чествување на празникот, молитва и дружење, посакувајќи Свети Илија да донесе мир, здравје, бериќет и радост во секој дом.