Ракометната ѕвезда Игор Карачиќ ви ги препорачува новите ČOKOLINO FIT и ČOKOLINO PLUS WHITE

Познатиот бренд за дехидрирана храна LINO на компанијата Подравка, a како дел од кампањата за промоција на новите производи Čokolino FIT и Čokolino Plus White за првпат соработува со мегапопуларната ракометна ѕвезда Игор Карачиќ.

"Чест ми е што се придружувам на семејството Подравка. Особено што ми дадовте можност да ја пренесам пораката за брендот Лино со чии производи пораснав. Новите производи Čokolino FIT и Čokolino Plus White се специјално дизајнирани како здрав и брз оброк за сите што спортуваат. Им ја даваат потребната енергија во постигнувањето на врвни резултати. Покрај талентот, упорноста, дисциплината и посветеноста, исхраната е таа која го гарантира успехот и подигнувањето на формата на едно повисоко ниво. Заедно со Čokolino , кое како дете го обожавав, а е присутно на пазарите во Адрија регионот повеќе од пет децении, сега, имаме нови производи. Убеден сум дека заеднички ќе ја пренесеме пораката и ќе направиме значајна промена во навиките за исхрана кај младите", рече Карачиќ.

Хрватскиот репрезентативец и MVP во Лигата на шампиони, кој е еден од најзаслужните за освојувањето на втората европска титула на РК Вардар, им приреди интересно изненадување на на дел од своите довчерашни соиграчи од шампионскиот тим, како и на капитенот на најуспешниот женски ракометен шампион, Кометал. Карачиќ организираше тајно "giveaway" со спортски торби полни со Čokolino FIT и Čokolino Plus White кои се идеален оброк токму за сите оние кои се физички активни и сакаат да бидат фит. Дел од бившите соиграчи на Карачиќ споделија фотографии на социјалните мрежи со коментари дека тој навистина пријатно ги изненадил.

Čokolino FIT го има задржано препознатливиот Чоколино вкус, но со намален удел на шеќер за 30%. Покрај ова, Čokolino FIT е одличен извор на витамини и диететски влакна, обогатен со магнезиум кој одлично делува за опуштање на мускулите по напорен тренинг.
Čokolino Plus White е посебен член на семејството Чоколино. Збогатен е со овесни снегулки, корнфлекс и крцкав експандиран ориз со бело чоколадо и витамини.  Čokolino Plus White  ви ја дава енергијата која ви е потребна за да се соочите со дневните предизвици.