Ракометарите добија протокол, можат да тренираат во сала

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) го доби протоколот за тренирање и натпревари од Комисијата за заразни болести на министерството за здравство. Ракометната федерација денеска го објави и сега клубовите точно знаат што треба да прават.

Тренинзи и натпревари без публика, задолжитено носење на маска за сите освен за ракометарите на терен, задолжителен тест за актерите. Мерење на температура на влез во сала, присуство на доктори и слично ќе танат секојдневие за ракометните клубови.

На овој линк е целиот протокол