
Дел од Бутел денеска без струја, вода ќе нема на повеќе скопски улици.
Од ЕВН информираат дека денеска (четврток), поради замена на постоечки дрвен столб со ногара, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во Општина Бутел.
Од 09:00 до 12:15 часот без струја ќе бидат корисниците од село Радишани 7, ул. 56.
Од ЈП „Водовод и канализација“, пак, известуваат дека денеска се планирани два прекина во водоснабдувањето поради санација на дефекти на водоводната мрежа.
Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф-100 мм на ул. „Драчевска“ бб, во близина на црквата, од 08:30 часот без вода ќе останат корисниците од село Драчево (Општина Кисела Вода).
Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф-80 мм на ул. „Рајко Жинзифов“ бр. 32, од 08:00 часот без вода ќе останат дел од корисниците на улиците „Рајко Жинзифов“, „Владимир Полежиновски“, „Стефан Јакимов-Дедов“ и „Борка Талевски“.
Водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршување на активностите.