Работникот замина по светот - Сега увоз на работници од Филипини, Пакистан, Непал...

И овој пат активистката за заштита на работниците со реален став на тема „платите во Македонија“. 

Ви го пренесувамево целост фејсбук статусот на Кристина Ампева: 

-30 години плата од 6000 до 8000 денара беше. Па се случи корона во која делеа колективни откази на жени. Незаконито отпуштање исто. Злоупотреби на економските мерки од државата за исплата на плата, трпање народни пари по џебови за кои се уште нема никаква разврска од обвинителство. Оти не е политички случај, очигледно. Иначе до сега ќе имаше прогон.

Работникот замина по светот оти му е преку глава да работи за минимални плати, во корупција и уништен систем. Во држава каде партијата, тендерите и партиските вработувања се високо на агенда. Но, не и обичниот човек, граѓанин.

Сега увоз на работници од Филипини, Пакистан, Непал.

Беда, чемер, јад...