Работник од фабрика во Гази Баба пренесен на Клинички со тешки повреди

 

Маж од тетовско се здобил со повреди при работа во фабрика во Гази Баба. 

- На 11.03.2026 во СВР Скопје е пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен Р.Б.(38) од село Селце, тетовско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фирма на подрачјето на Гази Баба, информираа од полицијата во дневниот билтен. 

Се работи на расчистување на случајот.