
Вицепремиерот и министер за европски прашања, Беким Сали синоќа во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека била формирана работна група која ќе се занимава со прашањето за правосудниот испит, додавајќи дека ќе се разгледа дали истиот ќе се испрати до Венецијанската комисија.
„Конечниот нацрт ќе треба да биде доставен во четврток“, изјави Сали.
Што се однесува до прашањето колку време ќе биде потребно за да се заврши овој процес, Сали рече дека е неважно дали ќе се одложи за еден месец во Венецијанската комисија или веднаш ќе се испрати на имплементација.