Работи за кои никому не должите објаснување!

Голем дел од изборите кои ги правиме во животот се подложни на коментари и прашања од страна на околината во којашто живееме. Членовите на семејството, пријателите, па дури и непознатите – се чини дека секој има мислење за работите кои ги правиме, без оглед на тоа што можеби мислите дека тие работи се незначајни и мали.

Луѓето понекогаш одат толку далеку и ве прашуваат и бараат објаснувања за вашите избори и одлуки. Можеби ќе чувствувате некаква обврска да им одговорите, но има работи за кои не треба никој да го бере вашето гајле и работи за кои не должите никакво објаснување.

Еве еден мал дел од нив.

Никому не должите објаснување за вашата животна ситуација

Без разлика дали се уште живеете со поранешниот партнер, често се селите или живеете со родителите иако имате повеќе од 30 години, никому не должите објаснување зошто живеете така. Ако сте во потполност свесни за вашата животна ситуација, тоа значи дека имате сопствени причини за тоа, причини кои нема потреба другите да ги знаат.

Никому не должите извинување ако не го чувствувате тоа

Ако не жалите за своите постапки, ако мислите дека некој погрешил во врска со нешто или ако не ви е баш дојдено до нечија прошка, не морате да се извинувате. Многу луѓе пребрзо се извинуваат и се обидуваат да ги поправат грешките кои се уште не се зрели за поправка, а тоа најчесто е вистинска сол за раната која се уште не се залечила. Навистина не треба да се извинувате ако не ви дојдено до тоа или ако некој не сака да ја чуе вашата страна од приказната.

Никому не должите објаснување за вашиот сексуален живот

Се додека тоа се случува во договор со возрасна личност, не должите објаснување со кого, каде и кога имате сексуални односи. Можете да чекате брак, да пробате врска за една ноќ или да живеете во целибат целиот свој живот, но и понатаму не сте должни да им ги објаснувате вашите избори кога станува збор за сексот.

Никому не должите да се сложувате околу нивните лични уверувања

Само заради тоа што некој страствено зборува за своите уверувања, не значи дека треба да седите и немо да климате со главата. Ако не делите такви уверувања, тогаш не е чесно ни кон вас, ни кон таа личност да ги поттиснувате своите мисли и чувства и да се преправате дека се сложувате. Подобро е да не се сложите со таа личност, отколку да поттиснувате фрустрации и нервоза.

Никому не должите објаснување зошто не сте во врска

Без оглед на причината, тоа едноставно е само ваша работа. Да се биде сам не е пореметување на личноста. Слободни сте да бидете во врска или да не видете. Освен тоа, вие сте многу повеќе од вашиот љубовен статус, а ако сте сами – тоа е ваша работа. Ваша одлука која се однесува само на вас.