Работа во Авганистан: Вреди ли да се ризикува животот за 3.000 долари плата

Електричари, столари, водоводџии, работници во кујна, но и позиции во администрација. Платата за која конкурираат се движи од 2.000 до 5.000 долари во зависност од компанијата и позицијата.

Убавата плата е единствената причина зошто многу Македонци, особено кумановци, се решаваат да заминат на работа во Авганистан. Животот им е на конец, но џебот им е полн.

Вреди ли животот за толку пари?

Тони за некоја недела ќе замине во Авганистан, ќе работи во кујна. На прашањето вреди ли животот за тие пари, вели секако дека не, ама тука нема ништо, вели тој.

-Јас бев пред пет години, донесов многу пари дома, пари кои никогаш нема да ги заработиш во Македонија. Направив куќа, ја средив, си купив автомобил, и секако пак ми остана за на страна. Сега ќе одам пак. Не планирам да останам многу, но две години сигурно. Сакам да си отворам свој бизнис, па ќе видиме, како ќе ме послужи среќата. Да е тешко, тешко е. Но мораш да стиснеш заби и да молчиш, вели тој.

Покрај мажи, во Авганистан одат и жени. Една таква е и Сузана, која беше во Авганистан 8 години.

-Страшно е. Сега не сум во план да одам. Го ризикував животот, но донесов пари. Имам за живот. Си отворив свој бизнис. Полесно е вака, но е многу ризично дека ги заработуваш, вели таа.

И Горан во моментов е во Авганистан. Тој не одел претходно, сега е прв пат. Вели дека му е многу тешко, му недостасува семејството, деца, но како што вели, има цел и мора да ја исполни. Мора да работи за да им обезбеди подобра иднина на најмилите.

Многу се спремни и го ризикуваат животот.

cheap nike free run 5.0