Пуштено во употреба првото детско игралиште во населба Јака во општина Илинден

Пуштено е во употреба првото детско игралиште во населбата Јака во општина Илинден.

Во рамки на игралиштето поставени се детски реквизити, нишалки и лизгалки, пристапна патека, поставени се клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина.

Како што соопшти Општина Илинден, градоначалникот Александар Георгиевски го посетил детското игралиште и истакнал дека конечно и децата од населбата Јака добија место за игра и забава.

-Најмладите од овој дел на општината имаат ново катче каде можат да го поминуваат слоборното време во игра и забава. Новото детско игралиште претставува континуитет на успешните проекти на општина Илинден, нов уреден простор за рекреација и забава на најмладите во општината, се вели во соопштението.