Пуштен во употреба спортско-рекреативниот центар „Радишани“ во ООУ „Ацо Шопов“

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски денес заедно со учениците го отвори новиот спортско-рекреативен центар кој се наоѓа во населба Радишани, во дворот на ООУ “Ацо Шопов”. Градоначалникот посочи дека ова е место на кое во минатото пораснаа многу генерации но за жал изминатите години беше целосно запуштено а игралиштата руинирани.

„Спортско рекреативниот центар “Радишани” се протега на повеќе од 4000 м2 и ги има следните содржини:

- Ново модерно фудбалско игралиште со вештачка трева, нова челична ограда и ново лед осветлување.

- Баскет игралиште со специјална ФИБА подлога

- Фитнес зона за вежбање и рекреирање

- ново детското игралиште

- тениско игралиште со акрилна подлога

Ова е уште еден спортско-рекреативен центар кој е изграден во изминатиот период. До крајот на мојот мандат секое населено место ќе добие свој модерен спортско рекреативен центар“, напиша Костовски

Градоначалникот најави дека наскоро во ООУ “Ацо Шопов” ќе започне и изградбата на затворен пливачки базен со што дополнително ќе се збогати овој спортски комплекс.