Пукање во Скопје: Полицијата излезе на терен, едно лице заврши во болница

Синоќа се случил инцидент во Скопје, при што едно лице било погодено со куршум и завршило во болниица.

- На 26.12.2022 во СВР Скопје било пријавено дека во 20.10 часот на ул.„20“, поради меѓусебно нетрпение, З.Р.(42) од Скопје со пиштол испукал куршум и го повредил во ногата неговиот роднина А.Н.(28) од Скопје. А.Н. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.