
Ќе функционира ли денеска јавниот превоз во Скопје?
Сопственикот на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, во изјавата за ТВ 21, соопшти дека неговата компанија ќе продолжи да го снабдува ЈСП „Скопје“ со нафта за автобусите.
- Нема да има прекин на градскиот превоз. „Пуцко петрол“ ќе продолжи да го снабдува ЈСП со гориво и покрај долгот од над 10 милиони евра што го има кон нас, рече тој.
Според него, Градот Скопје не управува правилно со претпријатието ЈСП, за кое додаде дека е заглавено во долгови. Сепак, повтори дека нема да го прекинат снабдувањето со гориво, за да не страдаат граѓаните.