Психолозите советуваат: мастурбирајте на работното место

Психологот Марк Сарџент од Универзитетот во Нотингем Трент тврди дека „пауза за мастурбирање“ би ја подобрила ефективноста на вработените и би го намалила стресот и нервозата.

-Мастурбацијата сигурно би ја подобрила ефективноста на вработените“, вели Сарџент. Мастурбирањето го намалува агресивниот нагон и напнатоста кај луѓето, па така атмосферата на работното место би се подобрила.

Сепак, тој смета дека би постоеле и штетни последици. Во случај работникот да не постигне оргазам, тоа би резултирало со уште поголема фрустрација и би ја намалило неговата ефективност и волја за работа. Исто така, доколку работниците за време на мастурбирањето би мислеле на колегите, тоа би можело да доведе до несакани сексуални контакти на работното место. „Паузата за мастурбирање“ би ја заменила популарната „Пуш пауза“.

Истражување од 2015-та година, покажало дека 39% од мажите веќе и онака мастурбираат на работното место, па така, воведувањето на ваква пауза и не би променило баш премногу од фактичката ситуација.