Пржо за зелените билборди: Типичен пример за како НЕ треба да се помага на животната средина

Кирил Прж, познатиот биологисти и активист за здрава и чиста животна средина, реагира за „зелените“ билборди“.

-Овој валкан, исушен,’рѓосан и скапан „зелен“ билборд изналепен со фирми горди на својот придонес кон „екологијата“ e типичен пример за како НЕ треба да се помага на животната средина. Покрај што македонската природа треба да се бори со владините криминали (ДУИВМРОСДС), треба да се чуствува добро со вакви „еко акции“. Со вакви шарлатанства ем се трошат парите за џабе, ем се грди градот ем никој нема чист аир (air хехе), пишува тој во својата објава на Фејсбук. 

Пржо смета дека зелени билборди се канта тропа, средство без никаква научно покрепа освен еден студентски труд.

-Вакви точкести системи за прочистување на воздух делуваат само ако се поставени во линија или обрач околу директни извори на загадување (рудници, фабрики) и треба да се одржуваат. Да, некои зелени ѕидови и инсталации се успешни во справување на загадувањето ама само во ограничени простори, заклучува тој. 

фото: Дарко Андоновски за Нова Македонија