Првата млада Месечина за 2021 носи магија за Јарците, поголема самодоверба за Рибите

На 13 јануари ни доаѓа првата млада Месечина за оваа година.

Време е за желби, за јасни цели. Таа се појавува во моќниот и амбициозен Јарец така што треба да знаете дека ќе успеете да остварите што и да замислите. 

Но, со моќта на Плутон таа носи моќна и трансформативна енергија -  ќе мораме да се ослободиме од љубомората, борбата секогаш да бидеме во право, како и најдлабоките стравови кои спречуваат да го оствариме својот потенцијал. Затоа, прескокнете ја драмата, Јарецот не сака драма.

Што им носи на хороскопските знаци?

Овен

Овните чувствуваат моќно. Доаѓаат многу промени на работното место, а тие ќе направат да се почувствувате малку несигурно во однос на тоа каде ќе се движи вашата кариера. Вие сте храбар и амбициозен знак, па затоа не се плашете воопшто. Ќе го најдете најдобриот начин за напредок.

Бик

Не можете да ги спакувате своите куфери и да патувате, но можете да најдете време и да уживате во својот дом. Направете си коктел, пуштете ја вашата омилена серија, напијте се топло чоколадо. Најважно е да уживате.

Близнаци

Време е да покажете лидерство. Поголем дел од времето се однесувате спонтано и ги прифаќате работите онака како што доаѓаат, но време е да ја покажете својата сила.

Рак

Пред да почнете да зборувате за вашите меѓучовечки односи, пробајте да разберете зошто вашите чувства се такви какви што се. Вистината е дека вложувате премногу енергија во луѓе кои не ви возвраќаат со иста мера. Не се лутете, но сменете го тоа.

Лав

Во вас постои голема желба да се конфронтирате со останатите, па време е да најдете начин да се ослободите од тие горки чувства без да палите огнови. 

Девица

Вам вообичаено не ви е потребно прифаќање од другите, но сега е таков период. Наместо да реагирате бурно кога ви е потребно внимание, побарајте го тоа искрено и директно од другите околу вас. 

Вага

Работите кои правеа да се чувствувате безбедно и сигурно во минатото веќе не функционираат за вас. Тоа е поради тоа што вашата основа се менува и сега можете појасно да ги видите своите приоритети. Време е да разберете што мора да се промени за да бидете посреќни.

Шкорпија

Вие минавте низ голема трансформација и веќе не се присутни бесот и љубомората особено во однос на другите луѓе. Сега е време да се фокусирате на вашите најважни цели.

Стрелец

Искористете ги ситуациите во ваша корист и уживајте во животот без да трошите премногу. Минете време со оние кои ви значат, тоа ви е потребно оваа недела.

Јарец

Ова е ваше време да блеснете, но вие се плашите од тоа. Не живејте во страв. Моментот кога ќе се ослободите од вашите сомнежи е период кога ќе се чувствувате најмоќно и најсигурно без оглед на исходот. Искористете ја својата моќ.

Водолија

Во вашиот живот постои нова филозофија. Наместо да се нервирате околу многу нешта, време е да ги исконтролирате своите нервози и да ги насочите кон нешто продуктивно. 

Риби

Не дозволувајте времето да поминува а вие да не правите ништо. Време е за големи промени кои ќе ги иницирате самите.