Првата дама на техно сцената, Нина Кравиц конечно на „Егзит Денс Арена“!

Најпопуларната дама на светската електронска сцена Нина Кравиц (Nina Kraviz), ќе настапи премиерно на „Егзит Денс Арена“ (EXIT Dance Arena) во недела, 10 јули. Сибирската дива важи за една од најхаризматичните личности на техно сцената, а нејзините настапи се прочуени по интензивните танцувања и неверојатното чувство на публиката. Единствениот музички осет и музичкото образование со бескомпромисен пристап кон уметноста, како и искрениот однос кон публиката, ја позиционираа Нина Кравиц како хедлајнер на водечките фестивали, меѓу кои и „Коачела“ (Coachella), „Амстердам денс ивент“ (Amsterdam Dance Event), „Авејкенингс“ (Awakanenings), „Сонар“ (Sonar), „ДЕМФ“ (DEMF) и други.

Посебно се издвојуваат резидентните настапи на престижните вечери на Ричи Хотин (Richie Hawtin), „ЕНТЕР“ на Ибица, како и редовните настапи во најголемите европски клубови како што се „Конкрет“ во Париз, „Нитса“ во Барселона, „Фабрик“ во Лондон или „Бергхаин“ во Берлин. Од оваа година, секој втор четврток во месецот, Нина има и престижна резидентура на „Би-би-си Радио 1“! Популарноста на нејзината издавачка куќа „трип“, предизвика вистинска инвазија на свежи и исклучително квалитетни руски продуценти на европската сцена во последните година дена.

Официјално Најдобриот европски фестивал за 2016 година, „ЕГЗИТ“ фестиваловаа година ќе се одржи од 7 до 10 јули на Петроварадинска тврдина, а потоа „ЕГЗИТ Авантурата“ патува на Јадранско море поради третиот „СИ ДЕНС“фестивал од 14 до 16 јули. Настапите на Егзит Авантурата веќе ги потврдија Ellie Goulding, Wiz Khalifa, Hurts, Bastille, Dimitri Vegas & Like Mike, Stormzy, Lost Frequencies, Solomun, Robin Schulz, Nicky Romero, Sigma, Sub Focus, Ms. Dynamite, Zomboy, Wilkinson, Mind Against, Disciples, Cock Sparrer, Anti-Flag, Dub Pistols, Kensington, At the Gates, Borghesia, Feder, Sam Feldt, DJ Hype, Andy C, Modestep, Teddy Killerz, Rene LaVice, Congo Natty, Ivy Lab, Sub Zero,My Nu Lang, Sarah Farina, Hernan Cattaneo b2b Henry Saiz, James Zabiela, Tommy Four Seven, Antigone, Francois X и Shlømo.

Влезниците за „Егзит“ се во продажба по цена од 3.599 денари, а за „Си Денс“ од 2.220 денари, додека целата „Егзит Авантура“ чини само 4.250 денари, што е заштеда од 60% во однос на финалната цена. Во Македонија овие влезници, како и камп-влезниците, се достапни преку www.mktickets.mk и во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат).

nike air max 1 sale