Првачињата од ООУ „Коле Неделковски“ седнаа во училишните клупи

По сите протоколи за заштита од ковид 19 во импровиззирана училница во дворот основоното училиште „Коле Неделковски“ во Дебар Маало им посака добредојде на првачињата.

Балони, панделки, весела музика, но и училишните клупи поставени во дворот за идните основци да ја почувствуваат магијата на новото поглавје во животот, но и да не се исплашат од непознатото. За да покажат колку им значат и колку им се важни новите членови на семејството, наставниците од “Коле Неделковски” сите до еден учествуваа на приемот на првачињата.

Се потрудивме да ги запазиме сите протоколи, дури и повеќе од пропишаните. Здравјето на нашите деца ни е приоритет. Доволно е стресно за нив што влегуваат во непознато, што од корен им се менува животот, но и што оваа промена доаѓа во вакви вонредни услови, па најмалку што можеме да сториме за нив е да им организираме пречек свечен колку што дозволуваат околностите, изјави за “Република” во неврзан разговор директорката на училиштето, Светлана Масларовска.

Масларовска додаде дека училиштето е подготвено за настава со физичко присуство на децата од сите девет одделенија.

Ги исполнуваме условите, поднесовме барање за настава со физичко присуство од прво до деветто одделение и чекаме да ни одобрат, оптимист е таа.