Прв вински настан од едукативен карактер во Македонија - „Винодонија 2016“

„Винодонија 2016“ е првиот вински настан од едукативен карактер во Македонија, кој има за цел подигнување на винската култура во земјава и развој на нашиот винскиот регион“, рече на денешната прес конференција Звонко Херцек во хотелот Мериот, директор на скопскиот вински салон Винодонија.

Како што инфомираа организаторите, станува збро за прв настан од овој тип кој се оджрува во земјава, на кој публиката ќе има можнос да дегутира вина од над 30 винарии од Македонија и Блаканот, како и да учествува во над 10 работилници на кои, помеѓу другото,  ќе се спарува вино и чоколадо, вино и храна, и ќе има можност  да се дегустира просеко и шампањ.

Претседателот на здружението на Сомелиери на Македонија, Александар Вучковски истакна дека „Винодинија“ нуди вистински пристап кон виното, нешто кое кое не може да се добие на забавно-конзуматорските вински манифестации кои досега се организирани во Македонија.

„Публикaта ќе има можност во пријатна, елегантна атмсофера да дегустира вино, да добие едукативни информации директно од енолизите и луѓето кои вклучени во производството на виното, и на тој начин да се запознаат со најновите стилови и трендови во винот“, рече Вучковски.
Тој очекува дека овој настан ќе прерасне во традиција.

Интернационалниот вински судија, Ивана Симјановска информираше дека во рамки на салонот ќе бидат организирани и едукативни настани наменети не само на виснката публика публика, туку и за претставниците на винската индустрија, кои ќе имаат можност да се запознаат со најновите дострели на винскиот маркетинг и со начините за зголемување на продажбата на вино во угостителскито сектор.  .

Винскиот салон „Винодонија“ ќе се оджри на 11 и 12 ноември, во хотел Мериот, во центарот на Скопје. Организаторите најавуваат прусутво на винарии од  Македонија, Србија, Словенија, Црна Гора, Бугариј и Италија, кои пред македонската публика ќе се претстават со автохтони вински сорти и стилови.