Прв ретрограден Меркур за 2022: Што му носи на вашиот знак?

Од 14 јануари до 3 февруари, Меркур ќе биде ретрограден во Водолија.

Ова е период на предизвици, особено кога станува збор за комуникацијата, а ова се начините на кои тој ќе влијае на вашиот знак.

Овен

Овните ќе се соочат со предизвик поврзан со нивните пријатели и интеракција со другите луѓе, па потрудете се да останете смирени. Бидете внимателни, бидејќи одредени кавги можат да донесат крај на одредени пријателства. 

Бик

Биковите имаат неверојатни идеи кои сакаат да ги споделат со другите околу нив, но подобро е прво да ги соберете сите информации и да ги испеглате важните детали пред да направите било што, особено од аспект на професионалниот живот.

Близнаци

За Близнаците, ова е период кога ќе правите евалуација на она што го имате научено досега. Дали ги имате сите информации и знаење кои ви се потребни за да постигнете нешто? Каде сте во процесот? Ова се важни прашања на кои треба да си дадете одговор.

Рак

Раковите ќе бидат подготвени да им понудат совети на другите, но можеби треба да размислат колку од својата енергија ја истураат во другите луѓе, особено некои од нив кои можеби не го заслужуваат тоа. Границите се важни, а вие треба да научите како да ги поставите.

Лав

За Лавовите, комуникацијата ќе биде голем предизвик за време на овој транзит. Но, не дозволувајте тоа да ве обесхрабри, туку напротив, да ви направи простор да поправите одредени работи во однос на тоа како комуницирате со другите луѓе. Некои односи се важни, но ќе сфатите и дека на некои пријателства и врски можеби треба да им дојде крајот, токму поради лошата комуникација.

Девица

Девиците ќе се чувствуваат како да не можат да се држат до својот распоред и како да се соочуваат со хаос, но ќе мораат да го издржат овој период до 3 февруари. Обрнете внимание на поголемите задачи кои треба да се завршат, но и на вашата лична благосостојба.

Вага

Можеби ќе се соочите со проблем во однос на комуникацијата во вашите љубовни односи. Ова може да е период кога ќе се чувствувате како да не ви оди комуникацијата особено ако сте во нова врска или комуницирате со некој кој ви се допаѓа, но искористете го како поттик да подобрите одредени нешта во однос на тоа.

Шкорпија

Шкорпиите ќе се соочат со своите емоции, а можно е конечно да дојде момент да се насочат кон нешто што загубиле неодамна,  а немале можност тоа да го одболуваат соодветно. По 3 февруари, ќе успеете да се изборите со тоа и полесно да комуницирате со другите.

Стрелец

Насочете се кон себеси и запрашајте што е она што сакате да го споделите со другите. Сега е време да разгледате што знаете и како да го искомуницирате тоа со оние кои ви значат.

Јарец

Ова е период кога треба да се фокусирате на финансиите. Колку се стабилни вашите ресурси во овој момент? Можеби е време да промените некои нови навики. Јануари е, а ова е најдобро време за тоа.

Водолија

Ретроградниот Меркур се случува во вашиот знак, па вашиот знак ќе биде погоден од овој транзит. Можно е да се чувствувате како да не сте разбрани, тоа ќе биде како голем предизвик за вас овој период.

Риби

Време е да нурнете во себеси. Што посакувате и како е тоа поврзано со реалноста? Фокусирајте се на она што сакате да го постигнете.