Прв интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“

„Види нови светови и остани дете“ е мотото на првото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ 2022. 

Фестивалот ќе се одржува од 30.септември до 4.октомври, во организација на Театарот за деца и младинци, Скопје. 

Организаторите го објавија плакатот за фестивалот и најавија одлични претстави од програмата.