Февруарскиот месечник на Прв до врв е закажан за во недела на 14 февруари, а тематски е посветен на виното и празникот Св.Трифун и ќе се состои од групно планинарење и возење велосипеди до врвот на Водно, како и заедничко дружење на групата на врвот на планината.
Стартот е закажан за 9 часот наутро пред основното училиште Кочо Рацин, а потоа околу 11 часот е предвиден делот за дружење и традиционално одбележување на празникот со македонско вино.
Во настанот традиционално учествуваат планинари, велосипедисти, спортисти, рекреативци, а поканети се сите граѓани да земат учество и да го поминат денот во здрава рекреација на Водно. Целта и на овој месечник во серијата месечни настани во организација на Прв до врв, е да се “мобилизираат” што повеќе граѓани да учествуваат во заеднички и масовен тренинг и рекреација со искачување на Водно.
Пријатели и помагатели на утрешниот Прв до врв посветен на Св.Трифун се винаријата Стоби и еко-партнерот Пакомак.
Настанот е во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв.