Се повеќе лица со симптоми на ковид вирусот.
Институтот за јавно здравје објави дека во периодот од 12 до 18 август во државава регистриран е 271 нов случај на болни од Ковид-19 што претставува зголемување од 60,4 проценти во однос на претходната недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најголем број случаи пријавени се во возрасната група над 60 години. Во текот на претходната недела, пријавено е едно починато лице асоцирано со Ковид-19.
Поради зголемениот број на заболувања на позитивни случаи на Ковид 19, Комисијата за заразни болести на последниот состанок ги потсетува граѓаните да се почитуваат општите мерки за превенција од респираторни инфекции.
„Да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт со заболени лица. За потсетување вакцинацијата е најефикасен начин за заштита од тежок облик на болеста. На состанокот, комисијата ја реафирмираше препораката дека тестирање за ковид не е услов за прием во здравствена установа. За ковид треба да се тестира исклучиво според индикација, одсносно доколку паиентот има симптоми карактеристични за ковид“, се вели во соопштението на Комисијата.