Проверете што времето на одење во кревет открива за карактерот

Еве каков ви е карактерот зависно од навиките за спиење.

Сите имаме свои вообичани навики и ритам на живеење. Некој сака да стане рано, а некој со задоволство би останал да спие до пладне, зашто бил буден до ситните ноќни часови.

Можеби некои од вас си ветуваат сами на себе дека нареден пат ќе си легнат порано, додека други сакаат да останат малку подолго будни, но не им оди. Можеби не мислите дека е така, но времето кога обично одите да спиете многу зборува  за вашата личност и за карактерните особини.

Ако одите да спиете меѓу 20 и 22 часот

Раното одење во кревет има смисла ако другиот ден станувате рано наутро. Сигурно не сакате да бидете поспани, намрштени или со подочници. Но, ако тоа ви е пракса и за време на викендот и во сите оние денови кога сте слободни и за кои знаете дека другиот ден нема да мора рано да се разбудите, тоа само значи дека сте личност која сака ред, работа, дисциплина и рутина. Не реагирате најдобро на промените или на изненадувањата.

Ако одите да спиете помеѓу 22 и 24 часот

Ова е некако период кој би го нарекле идеален за одење во кревет – ниту е прерано ниту предоцна. Луѓето кои одат да спијат во овој период од денот се смета дека се примерни и вредни пчели работнички, но исто така имаат поприлично бунтовничка црта која се крие во нив. Тоа се луѓе кои ја почитуваат рутината, но тука и таму имаат потреба да излезат од колосек и нештото да го направат поинаку. Често на овие луѓе им треба да бидат пофалени или на некој друг начин да им се даде поттик со цел да не се откажат од исполнувањето на своите цели.

Ако одите на спиење меѓу 24 и 2 часот наутро

Вие сте вистинска ноќна птица која веројатно е најпродуктивна во тој период, без разлика дали станува збор за учење или за смислување нови идеи. Вие сте многу креативни, а не можете да одите на спиење пред полноќ затоа што има толку многу работи што би сакале да ги направите. Неуморно сте во потрага по среќа. Некои истражувања пак, покажуваат дека луѓето кои одат на спиење после полноќ се поинтелигентни од просечните, па можеби меѓу луѓето со оваа навика се крие некој нов Тесла или некој друг брилијантен ум.

Ако одите на спиење по 2 часот наутро

Не ги почитувате социјалните правила и норми. Вие сте слободен дух кој одбива да се придржува кон конвенционалните правила. Луѓето кои одат волку доцна на спиење се бунтовни и тврдоглави и помалку пргави.