Проверете која е вашата сексуална енергија

Ситуациите во кои две возрасни личности чувствуваат длабока емоционална и интелектуална поврзаност, но нивната сексуална компатибилност едноставно не е на исто ниво – не се реткост.

Тие никогаш не се расположени за секс во исто време, ги одбива партнеровиот стил на бакнување, сексот им е обврска а не уживање, а каков било разговор за проблемот со кој моментално се соочуваат – едноставно не е опција.

Психолозите велат дека оваа ситуација е сосема нормална, односно дека секој од нас има одредена сексуална енергија која може, но и не мора да се сложува со сексуалната енергија на нашиот партнер.

За да имаме поисполнет сексуален живот, нашите сексуални енергии треба да бидат слични, или барем подносливи.

Во продолжение проверете која е вашата сексуална енергија и споредете ја со енергијата со вашиот партнер.

Декомпресор

Луѓето со енергија на декомпресор се фокусирани на целта, а не на патувањето. Сексот е начин на отпуштање на насобраниот стрес, а оргазмот е лек кој на кратко ќе ги блокира сите негативни мисли, проблеми и фрустрации. Луѓето со ваква енергија не уживаат во сексот.

Истражувач

Баш како што и самото име кажува, луѓето со сексуална енергија на истражувач постојано истражуваат нешто ново, а интимниот однос со нив никогаш не е досаден. Забавата во сексот е нужна, а луѓето со оваа енергија се стравствени љубовници.

Чесен трговец

Луѓето со оваа сексуална енергија веруваат дека смислата на сексот е колку даваш – толку добиваш. Никогаш нема да ве остават со „куси ракави“, но никогаш нема да ви дадат повеќе од она што тие го добиле од вас. Луѓето со сексуална енергија на чесен трговец секогаш тежат кон баланс, а тоа некогаш може да ги раздрма.

Давател

Луѓето со оваа сексуална енергија повеќе се насочени да го задоволат партнерот, отколку на сопственото задоволство. Партнерите ќе речат дека тие се најдобри љубовници, но често знаат да го продадат своето задоволство на сметка на нивното воздигнато его.

Чувар

Чувари се оние луѓе кои за време на сексот постојано ве испрашуваат дали сте добро, дали ве боли, како се чувствувате, дали ви се допаѓа одредена поза. Сексуалните терапевти сметаат дека луѓето со ваква енергија веројатно имале траума во минатото па мора да бидат сигурни дека сексот максимално ви одговара.

Гонач на страст

Луѓето со оваа сексуална енергија уживаат во сексот. Многу зборуваат за сексот, хуморот им е по малку „валкан“, имаат цврст став и гард и многу самодоверба. Сексот за нив е извор на радост и здравје и им треба партнер кој исто размислува. Пасивноста во сексот не е опција.

Трагач за уживање

Луѓето со ваква сексуална енергија обожаваат секс, но се по малку себични. Баш како декомпресорите, поважен им е оргазмот од комплетната игра, но не го користат сексот само за издувен вентил, туку навистина уживаат во него.

Првак

Луѓето со сексуална енергија првак постојано мора да добиваат потврда дека се одлични во сексот. Сметаат дека сексот е подеднакво (ако не и повеќе) важен како и љубовта, довербата и толеранцијата, а ако забележите дека сексуалниот живот не е како порано, сметаат дека е време за поздрав.

Романтичар

Романтичарите се луѓе кои не можат да го одвојат сексот од емоциите. Никогаш нема да влезат во врска со луѓе кои не ги познаваат и во кои не се барем малку заљубени. Со романтичарите треба да бидете внимателни затоа што многу лесно можат да се почувствуваат искористени, на пример од првакот или од трагачот за возбуда.

Спиритуални

Луѓето со оваа сексуална енергија во сексот гледаат длабочина, каква што другите луѓе не гледаат. За нив сексот е трансцендентно искуство, а филозофирањето за душите кои го напуштаат телото за да се поврзат на некое друго ниво е чест разговор на спиритуалистите.

Трагач за возбуда

За разлика од романтичарите, трагачите за возбуда сакаат само секс и ништо повеќе. Некои од нив можат да бидат искрени, а некои тоа нема ни да ви го признаат. Ако се најдат со личност која има романтична сексуална енергија, би можеле да ја повредат.