Проверете дали ве лажат: Овенот се расправа, Водолијата ве гледа право во очи

Дали вашите најблиски се од оние кои имаат покерски израз на лицето и поради тоа не можете да ги фатите во лага? Не се грижете. Секој хороскопски знак има своја слаба точка која го издава.

Овен

Овенот обично реагира на претерано агресивен начин кога го обвинувате за нешто за коешто е виновен. Затоа, ако избувне на некое ваше прашање, наместо да почне да се шегува на ваша сметка и на вашето прашање – знајте дека ве лаже.

Бик

Бикот обично е сигурен и стабилен, но доколку го фатите во лага веднаш ќе почне да покажува знаци на несигурност. Ако почне со љубоморни испади, веднаш треба да знаете дека нешто не е во ред.

Близнаци

„Немој цело време да ми стоиш над глава“. Ако ви каже нешто во таа смисла, имате причина да станете сомничави. Близнаците обично сакаат да зборат, а кријат работи само кога мислат дека навистина мора да сокрие.

Рак

Раковите сакаат да минуваат време со саканите, но ако одеднаш почне  да се држи на дистанца, тоа треба да ви биде предупредувачки знак. Ракот не сака да биде сам, такашто, кога не е со вас, сигурно е со некој друг.

Лав

Лавот почнува расправа и тргнува во напад кога сака да ви го одвлече вниманието и да сокрие нешто од вас. Ако станат раздразливи, знајте дека нешто се случува.

Девица

„Прави што сакаш, не ми е гајле!“ Тие обично се сочувствителни и љубезни. Но, кога знаат дека грешат, стануваат груби и ладни.

Вага

„Зошто не ми веруваш?“ Вагите се вешти лажговци кога сметаат дека треба да се лаже. Почнуваат емотивно да манипулираат за да ви создадат грижа на совест само затоа што се посомневале во нив.

Скорпија

Ако имаат нешто да скријат, стануваат исклучително непријатни. Ако почнат со навредливи коментари за вашата интелигенција или изглед, можете да се обложите дека користат манипулација само за да ви го одвлечат вниманието од нивните глупости.

Стрелец

Немарните Стрелци оставаат очигледни траги. Секојпат кога ќе им го поставите истото прашање, ќе ви дадат комплетно поинаков одговор. Ако ве изневеруваат, може да се случи да пронајдете непознат број, па и дел од туѓа облека.

Јарец

„Ти ме натера на тоа“. Кога лажат, Јарците ја префрлуваат вината. Ако ги фатите во лага, ќе се обвинат да ве обвинат вас за тоа. Ако се уште не сте ги фатиле во лага, ќе почнат да се однесуваат сомничаво кон вас.

Водолија

Умеат да бидат исклучително уверливи кога не ја кажуваат вистината, затоа што во состојба е да го задржат ладнокрвното однесување, да ве гледаат во очи и да ве лажат.  Но, за да бидат успешни, мора да бидат и емотивно ладнокрвни кон вас. Кога тоа ќе се случи, почнете да се сомневате дека нешто не е во ред. Во тие моменти, тие повеќе сметаат на вашата логика отколку на вашите чувства.

Риби

Рибите имаат совест која ќе ги открие кога лажат. Ако почнат да ве преплавуваат со внимание и подароци, тоа најверојатно е поради тоа што имаат грижа на совест за нешто.