
Поради планирани технички зафати во електроенергетската мрежа, делови од општините Бутел и Кисела Вода утре (8 јуни) ќе останат без електрична енергија.
Во периодот од 08:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Хо Ши Мин“, „Приштинска“, „Марко Крале“, „Призренска“, „Љубо Петровиќ“ и „Бутелска“ во општина Бутел.
Во Кисела Вода, пак, од 09:00 до 15:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат дел од корисниците на булеварот „Борис Трајковски“, поточно зградите спроти Расадник, меѓу кои „Трим и Лум“, „Елена Лука“ и други објекти во околината.
Во истиот период, од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе останат и дел од жителите на улицата „Михаил Чаков“, спроти Расадник.
Од надлежните информираат дека прекините се поради планирани работи на мрежата, а снабдувањето со електрична енергија ќе биде нормализирано по завршувањето на зафатите.