Простете си ги сопствените гревови...

Простете си ги сопствените гревови, сфатете дека грешките се лекции кои сте требале да ги поминете. Ослободете се од тиранијата на самооткривањето, направете вашите одлуки да бидат конечно слободни, затоа што она што се случило во вашиот живот, се случило со причина. 

Кога сте исполнети со самообвинување и неможност за самопростување околу тоа што сте направиле или не сте направиле, што сте требале да направите, итн. – тоа е всушност порака која ја испраќате на Универзумот, велејќи: „Божјиот план не работи, а мојот функционира!“

Сето она што сте го направиле и искусиле е завршено и сте требале да научите нешто од тоа, па затоа простете си на себеси и продолжете со својот живот.

Простувањето е најмоќната работа која можете да ја направите за себеси. Ако не знаете како да си простите себеси, можете да заборавите на постигнување вистински успех во животот. 

Можете во недоглед на кукате колку сте биле лоши, да чувствувате вина до последниот ден од животот, но ни трошка од таа вина нема да промени ниту една работа која се случила во минатото.

Д-р Вејн Дајер