Пронајдете евтини авиобилети од Скопје и регионот

Авиосообраќајот во земјава бележи вистински бум. Нискотарифните компании го претворија воздухопловниот превоз во нова светла точка на македонскиот транспортен сектор. Бројот на патници континуирано расте, понудата се збогатува со нови дестинации, се зголемува бројноста на летови, се појавуваат нови авиопревозници.

Со воведувањето на субвенционирани летови патувањето надвор од земјава стана подостапно за многу македонски граѓани.Сепак, со оглед на тоа што на скопскиот аеродром има ограничен број дестинации се уште е тешко да се врзат неколку лета за патувања во поегзотични односно подалечни места и прекуокеански земји.

Веб-сервисот farecompare.com овозможува пронаоѓање летови и споредба на цените на билетите од различни аеродроми за исти дестинации.

За пристап до сервисот кликнете ТУКА.