Пронајдени голем број на мигранти на автопатот Скопје - Гевгелија

На 07.03.2020 во 19.50 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, кај клучка „Миравци“, при контрола на товарно возило „ДАФ“ со скопски регистарски ознаки, со приколка, управувано од И.Д.(46) од Скопје, затекнати се 56 лица – мигранти, од кои 54 од Пакистан и двајца од Авганистан. И.Д. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против И.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.