Пред два дена, на 08.10.2024 дена во близина на Валандово од страна на полицијата биле пронајдени четворица мигранти (двајца од Непал и двајца од Монголија).
Тие биле забележани како излегуваат од патничко возило „мерцедес“ со винички регистарски ознаки, кое веднаш го напуштило местото.
Од МВР велат дека лицата биле предадени во прифатно - транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка.