Пронајдени 6 мигранти на „Богородица“ скриени во камион, влегле во возилото додека возачот правел пауза

Денес утрината околу 04.30 часот на Граничниот премин Богородица, при влез во државата биле пронајдени 6 мигранти во камион „волво“ со словенечки национални ознаки, управувано од К.К.(48) од Валандово.

„Полициски службеници пронашле шест лица - мигранти, од кои четири лица од Сирија и две од Авганистан. По извршен разговор со возачот и мигрантите било констатирано дека тие влегле во возилото додека возачот правел пауза. Лицата биле спроведени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка“, се вели во билтенот на МВР.