
При претрес во затворот во Идризово, кај затвореник била пронајдена и одземена марихуана, а по претрес и на неговиот кревет пронајдени и одземени биле марихуана и таблети.
Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера (14.10.2025) во 20:30 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при извршен претрес во полуотворено одделение во установата, кај осуденикот Б.Ј.(40) од Скопје е пронајдена и одземена марихуана, а при претрес на неговиот кревет се пронајдени и одземени марихуана и таблети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.