Пронајдена почината 39-годишна жена во својот дом, имала здравствени проблеми

Вчера во 09.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека била пронајдена 39-годишната Н.Т. почината во својот дом во скопската населба Карпош. Починатата жена имала здравствени проблеми.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.