Пронајдена мртва жена од Делчево

Осумдесет и тригодишна делчевка е пронајдена мртва, откако пред два дена била пријавена за исчезната од страна на нејзиниот 53-годишен син. Делчевката (С.А.), како што информираат од делчевската полиција била пронајдена почината во атарот на селото Чифлик.

-Исчезната С.А. (83) од страна на нејзиниот син Т.А (53) е пронајдена почината во попладневните часови на 19.10.2021 кај месноста „Влашка Трла” во атарот на село Чифлик. Осумдесет и тригодишната делчевка за исчезната беше пријавена на 18.10.2021 во 16:00 часот, информираат од полицијата во Делчево.

Смртта кај починатата е констатирана од лекар на Итната медицинска помош во Делчево, додека увид по наредба на Јавен обвинител извршила увидна екипа на ОВР Делчево.