Пронајдена дрога во Затвор Скопје

Вчера била пронајдена марихуана во Казнено – поправната установа Затвор Скопје.

-На 10.05.2023 во 17.55 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека околу 17.00 часот во полуотворениот дел од затворот била пронајдена марихуана. Полициски службеници ја подигнале дрогата за понатамошна постапка, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.