Министерството за внатрешни работи известува за направен претрес во ресенско каде е уапсен 51-годишниот Е.А. од с. Грнчари. Во домот според МВР му е пронајдена голема количина на дрога.
„ На 06.12.2024 во 19.30 часот од страна на полициски службеници од ОВР Ресен и полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода Е.А.(51) од с.Грнчари, ресенско. По добиена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот и помошни простории, сопственост на Е.А. во с. Грнчари и при претресот биле пронајдени и одземени саксии со марихуана, кеси со марихуана, семки и гранки од канабис, дробилка, различни предмети за одгледување на канабис“, се вели во билтенот на МВР.
Од полицијата велат дека по документирање на настанот, против Е.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.